„Сапорт Кочани“ собраа над 923.000 денари и ја исплати фактурата за првата пратка компресивна облека

780

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја подмири сметката за набавка на првата пратка компресивна облека, наменета за лицата кои настрадаа во несреќниот настан во Кочани, во вредност од 923.458 денари.

Финансиските средства за набавката, како што известија од иницијативата, беа целосно прибрани преку донации од граѓани, фирми и помагачи од државата и од други земји.

Од „Сапорт Кочани“ информираат дека компресивната облека е порачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни.

Покрај тоа, веќе се обезбедени средства и за втора испорака на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе дојдат стручњаци од Бугарија кои ќе започнат со земање поединечни мерки за новата нарачка.

“Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што покажавте што значи вистинска солидарност,” се наведува во објавата.

ИЗДВОЕНИ