Санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар

14

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, со помош на специјалните возила „пајак“, изминатата недела санкционирале 114 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ велат дека заедно со Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. При тоа, потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

ИЗДВОЕНИ