ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со
Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 07.07. до 13.07.2025 година, со
помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 110 непрописно паркирани возила
кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат
до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите
возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и
велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на
возилата безбедно движење по улиците.

ИЗДВОЕНИ