Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар

20

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 08.12. до 14.12.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар, за да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

 

ИЗДВОЕНИ