недела, март 1, 2026
Дома СКОПСКА Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар

91

Јавното препријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 05.05. до 11.05.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ и од Општина Центар велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и да се решуи проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.

ИЗДВОЕНИ