Санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар

34

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 19.05. до 25.05.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранило 100 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила. Тие потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот, со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

ИЗДВОЕНИ