Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да воведе санкции врз Русија оваа недела, бидејќи е сè повеќе фрустриран од нејзините напади врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ограничувањата веројатно нема да вклучуваат нови банкарски санкции, но се разгледуваат други опции за да се изврши притисок врз Путин да направи отстапки, вклучително и 30-дневно примирје, изјави еден од изворите, според УНИАН.
Сепак, како што забележува весникот, Трамп би можел да одлучи да не воведува нови санкции, туку да се повлече од преговорите.