Саниран оштетениот коловоз на клучките кај „Белви“ и кај Хиподром

69

Направена е интервентна санација на оштетениот коловоз на клучките кај „Белви“ и кај Хиподром. Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, извршија проверка на сработеното.

– На клучката Белви, санирани се кракот за исклучување од Скопје кон Илинден и кракот од „Белви“ кон Скопје. На клучката на Хиподром, пак, санирани се делот од коловозот на клучката, кракот за приклучување кон обиколницата од страна на Миладиновци и кракот за исклучување од обиколницата кон Куманово. Со санацијата беа опфатени 21 илјада квадратни километри и се вградени 4.500 тони асфалт – информира Трајановски.

Тој најави дека се работи на проект за целосна рехабилитација на клучката и на целата обиколница на Скопје, вклучително и на исклучувањата/вклучувањата на неа.

ИЗДВОЕНИ