Сане има причина поради која не сака да го продолжи договорот со Баерн (М)

243
epa10208017 Germany's Leroy Sane reacts during the UEFA Nations League soccer match between England and Germany in London, Britain, 26 September 2022. EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Благодарение на одличните игри во последните неколку месеци, ѕвездата на Баерн (М), Лерој Сане, се најде на мета на многу тимови, а тоа е така затоа што наскоро ќе стане слободен играч.

Според информациите на „Билд“, турскиот шампион Галатасарај, веќе му дал на Сане богата понуда. Тренерот на гигантот од Истанбул, Окан Бурук е голем фан на Сане, и сака да ги има неговите услуги во новата клупска сезона.

Поранешниот турски репрезентативец интерно го промовира трансферот и верува дека клубот ќе успее летово да го ангажира напаѓачот на германскиот шампион.

Турците наводно му нудат на Сане дури 10 милиони евра годишно, а таква сума нема да добие доколку остане на „Алијанц арена“. Со дополнителен бонус од најмалку пет милиони евра, тој би станал убедливо најплатен играч во тимот, надминувајќи го Виктор Осимен.

Баерн (М) и германскиот репрезентативец всушност веќе се договорија за нов тригодишен договор пред крилниот напаѓач ненадејно да го смени агентот. Сега го застапува контроверзниот агент Пини Захави, а Баерн (М) ги одби новите барања.

Сепак, челниците на баварскиот гигант сакаат повторно да седнат на преговарачката маса. Можеби Сане сега ќе го искористи неуспешниот трансфер на Флоријан Вирц кој беше најголема желба на Баерн (М) но се одлучи за трансфер во редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити е желба и на Арсенал кој ќе биде и повеќе од активен за време на летниот преоден рок.

Играјќи за Баерн (М) освои четири титули, додека со Сити два пати беше англиски шампион. За Баерн одигра 220 натпревари и постигна 61 гол и додаде 55 асистенции.

Интересен е и податокот дека се поголем број на големи фудбалери од најсилните европски тимови одлучуваат да се преселат во Истанбул, каде клубовите имаат огромни буџети и немаат проблем да си ги дозволат најдобрите во светот.

ИЗДВОЕНИ