Сандеј тајмс: Израел тврди дека Иран прави боеви глави способни да го погодат Лондон

135
EPA-EFE/ABIR SULTAN

Иран го гради најголемиот арсенал на балистички ракети на планетата, произведувајќи боеви глави од еден тон способни да стигнат до Лондон, објави „Сандеј тајмс“, повикувајќи се на израелски претставници.

Иако фокусот на американските напади врз Иран минатиот викенд беше врз нуклеарната програма на земјата и контроверзноста околу тоа дали таа е „целосно уништена“, како што тврдеше американскиот претседател Доналд Трамп, израелските власти велат дека тоа не била единствената цел кога нападот врз Иран бил извршен во раните утрински часови на 13 јуни.

„Всушност дејствувавме поради две егзистенцијални закани. Едната беше нуклеарна, бидејќи Иран беше во последен момент кога можеше да направи бомба. Но, другата беше балистичка закана“, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн.

Според него, пред конфликтот, САД проценувале дека Техеран има околу 3.000 балистички ракети, но режимот бил во процес на зголемување на производството на 20.000, вклучувајќи и некои со носивост од еден или два тона.

Марморштајн рече дека непосредно пред да стапи на сила прекинот на огнот, ракета убила четири лица во нивната безбедна соба во јужниот израелски град Бершеба.

„Замислете Техеран да испрати 10.000 од нив. Таа закана за нас беше егзистенцијална како нуклеарна бомба. Тие се префрлија на индустриско ниво и беа на пат да станат производител број еден на балистички ракети во светот. Некои од нив се интерконтинентални, со дострел што може да стигне до европските градови, вклучувајќи го и Лондон“, рече Марморштајн.

ИЗДВОЕНИ