Во рамки на тековните активности поврзани со уличното осветлување и јавната хигиена, службите на Оштина Карпош минатиот викенд работеа со зголемен интензитет. Во таа насока, стручните лица пристапија кон решавање на поголемиот број проблеми кои беа детектирани на теренот.
-Екипите беа особено активни во реонот на населбата Карпош 4, каде деновиве беше целосно санирано осветлувањето околу кулите на улица „Никола Парапунов“, во близина на мостот „Обединети нации“. Успешно беше отстранет дефектот со осветлувањето на првиот дел од улицата „Волгоградска“, а се интервенираше и на улиците: „Соле Стојчев„ и „Желево“. На таа локација, стручните служби ги санираа дефектите и во третиот дел на улицата „Волгоградска“, а во исправна состојба се доведени и светилките на улиците: „Невеска“ и „Воденска“- информираат од Општина Карпош.
Оттаму додаваат дека темелно се работело и во населбата Карпош 2, каде биле санирани дефектите на електричната мрежа на осветлување, на улиците: „Шекспирова“ и „Бранислав Нушиќ“. Со истата динамика биле решени проблемите со јавното осветлување, на делови од улиците: „Руѓер Бошковиќ“ и „Веселин Маслеша“.
Минатиот викенд службите од локалната самоуправа се фокусирале на подигнување на нивото на јавната чистота.
-На иницијатива на жителите од населбата Жданец, беше спроведена заедничка еко-акција за расчистување на сметот и одржување на здравата животна околина. Во меѓувреме општинските служби задолжени за одржување на хигиената, исчистија поголем дел од пешачките патеки низ Карпош- велат од локалната самоуправа.












