Екипата на Сан Антонио израмни на 2:2 во финалето на Западната конференција откако, на домашен терен, убедливо ја совладаа Окалахома со 103:82. Тимот од Тексас одигра одлично во одбраната и успеа да запре еден од најефикасните напади во лигата.

Уште во првата четвртина Спарс го презеде ритамот и со серија од 16:0 создаде двоцифрена предност. Оклахома немаше одговор, а Сан Антонио ја контролираше играта до самиот крај. Клучен беше и почетокот на третата четвртина, кога направија домаќините нова серија од 15:2.

Најефикасен на натпреварот беше Виктор Вембањама со 33 поени, осум скока и пет асистенции. На спротивната страна, Шеј Гилџус Александер беше добро затворен и постигна само 12 поени.

Со оваа победа, серијата повторно е целосно отворена и двата тима имаат по две победи. Петтиот натпревар ќе се игра на 27 мај, во Оклахома и се очекува нов голем спектакл во НБА.

ИЗДВОЕНИ