Припадник на сириските внатрешни безбедносни сили е убиен денес во самоубиствен напад на Исламска држава врз контролен пункт во градот Мајадин во регионот Деир ез-Зор, кој се граничи со Ирак, објавија сириските државни медиуми.
Според државната Сириска арапска новинска агенција (САНА), двајца напаѓачи се приближиле до контролниот пункт.
Безбедносните сили застрелале и убиле еден напаѓач, додека другиот го детонирал својот експлозив, објави Скај њуз Арабија.
Нападот се случи два дена откако коалицијата предводена од САД зароби висок командант на Исламска држава во северозападна Сирија, во близина на турската граница.