Само за сериозни сладокусци: Чоко-бомба готова за само половина час – се топи во устата, а состојките веќе ги имате дома

119
Foto: Pexels

Совршен рецепт дури и ако не сте многу добри во готвењето и не можете да се пофалите со особени вештини во кујната.

Неодоливо чоколадно задоволство кое се прави брзо и лесно! Оваа торта е совршена комбинација од сочен пандишпан и богата чоколадна глазура, совршена за оние моменти кога ви се јаде нешто „конкретно“, слатко и луксузно.

Потребни состојки:
Темно чоколадо 200 г
Путер 150 г
Шеќер 100 г
Јајца 3 парчиња
Брашно 100 г
Прашок за пециво 1 лажичка

За филот/глазурата:
Кисела павлака 200 мл
Темно чоколадо 200 г
Путер 1 лажица

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C и намастете калап за торта со дијаметар од 22 см (или обложете го со хартија за печење). Растопете го чоколадото и путерот на двоен бојлер. Матете ги јајцата и шеќерот додека не се добие пена. Додадете го растопеното чоколадо и путерот, потоа додадете го брашното и прашокот за печиво. Истурете во калапот и печете 20-25 минути. Пандишпанот треба да биде сочен, а не препечен.

Загрејте ја павлаката во тенџере додека не зоврие, тргнете го од оган и додадете го исечканото чоколадо и путерот. Мешајте додека не добиете мазна смеса. Кога пандишпанот ќе се олади, прелијте го со глазурата. По желба, декорирајте со чоколадни трошки или листови од нане како што е прикажано на сликата.

ИЗДВОЕНИ