Пат на море, плажа, журки, танц, стада овци во прекрасни зелени предели, војници на ЈНА со капи со црвени петокраки, улици преполни со луѓе…
Во кратко видео со неколку снимки вештачката интелигенција ја оживеа поранешна Југославија во далечната 1981 година. На југоносталгичарите можат да им потечат солзи, а за оние кои се родиле многу подоцна тоа е прилика да ѕирнат во животот на своите баби и дедовци.
„Животот во Југославија во 1981 година, го одбележа силно чувство на братство и единство. Наспроти предизвиците, идеалите на братството и единството поттикнуваа заеднички идентитет, со луѓе кои имаа корист од бесплатна здравствена заштита, образование и културни размени меѓу различни етнички групи. Беше тоа време на надеж и солидарност“, пишува во описот на видеото за кое нема податок кој го генерирал, а го споделува „тајмпорталс“
Чувствата што ги будат снимките од море, од забавите во диско клубовите, селскиот живот, од кино под ведро небо…, ги зсилуваат звуците на хитот од тоа време „Са друге стране јастука“ на Бајага и инструктори кои одат во позадина.
Видеото успеа да ја фати сржта на убавината на југоносталгијата и затоа луѓето реагираа на оваа објава, пишува ЦДМ.
„За момент помислив дека е вистинско“. „Југославија отсекогаше беше ваква“. „Самите го уништивме ова богатство“. „Сега направете и за 1991, за да се види како сето тоа исчезна“. Ова се дел од позитивните коментари на луѓето кои го гледале видеото. Но, има и такви во кои се вели дека се е измислено. На пример, дека странската пропаганда секогаш не прикажувала како примитивна племенска заедница, иако бевме современа држава, па претставени сме како Албанија. Или, дека сликите се лажни: онаа од полната улица е од Турција, за што доказ се регистрациите на авотмобилите, киното е од Африка, танцот некаде од Источна Европа, а овчарот од Албанија.
Како и да е, видеото е убав повод за навраќање на тоа време на оние кои го проживеале.
Видеото може да се погледа на www.tiktok.com/@timeportals
ReplyForward |