– Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење на автомобили, за полнење на базени. На 19 јуни е измерено најголемо производство на вода – 365.000 кубни метри, што се должи на нерационалното користење на водата – децидни се од ЈП „Водовод и канализација“.  Оттаму, апелираат до сите граѓани совесно и рационално да ја користат водата. Воедно, им препорачуваат, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk

 

Скопјани се жалат дека во одредени делови на градот немаат доволен притисок на водата во деновите кога температурите се екстремно високи, па не можат да си ги извршат основните потреби, да се искапат, да исперат. Мораат да чекаат до полноќ за да завршат дел од работите. Од друга страна, пак, оние што ја имаат водата не знаат совесно да ја користат. Тоа го покажуваат последните податоци од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, според кои потрошувачката на вода е енормно зголемена, особено во попладневните часови. Конкретно, на 23 јуни дневната потрошувачка на вода изнесувала рекордни 356.000 кубни метри, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител.

Колку за споредба, ако се земе предвид дека еден олимписки базен со димензии 50 на 25 метри и длабочина од 2 метри собира 2.500.000 литри вода, а во Скопје само тој ден се потрошиле 700 литри на човек (700 литри х 526.502 жители според пописот од 2021), тогаш дневно скопјани потрошиле околу 147 олимписки базени со вода.

– Потрошувачката е предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење на базени. На 19 јуни е измерено најголемо производство на вода оваа година – 365.000 кубни метри дневно, што се должи на нерационалното користење на водата – децидни се од ЈП „Водовод и канализација“.

Но, не одговорија во кои скопски општини е најголема потрошувачката на вода, а во кои најмала и на што се должи тоа.

Оттаму, апелираат до сите граѓани совесно и рационално да ја користат водата. Воедно, им препорачуваат, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или www.vodovod-skopje.com.mk

– Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за  водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје – велат од скопското водоводно претпријатие и нагласуваат дека во континуитет работат и на решавање на проблемот со дивите приклучоци.

Исто така, се прават секојдневни контроли и исклучување на несовесните и неконтролирани потрошувачи на вода за пиење.

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ