сабота, јануари 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Само уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди

Само уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди

45

Министерството за дигитална трансформација ја известува јавноста дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери.

Досега се доделени вкупно 42.606 ваучери, од кои се искористени 27.426.

Согласно актуелниот проект на Владата, кој се реализира во соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за образование и наука, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за електронски уреди за студентите на додипломски студии, запишани во учебната 2025/26 година.

Потсетуваме дека рокот за аплицирање од страна на студентите е до 20.12.2025 година, а искористувањето на ваучерите ќе биде со рок до 31.12.2025 година, велат од министерството.

ИЗДВОЕНИ