
И покрај суспензијата поради скандалот со допинг, Јаник Синер изгледа незапирлив. Тој го освои својот втор гренд слем оваа година, петти вкупно во кариерата, бидејќи играше речиси беспрекорно на Вимблдон, каде што го победи бранителот на титулата, Карлос Алкараз (3:1), во финалето.
На сите им се чинеше дека Алкараз има предност, особено поради подлогата и фактот што победи на пет последователни натпревари против Синер, но тактички не можеше да го достигне на централниот терен на Вимблдон.
Кој може тогаш? Познатиот германски тенисер и тренер, Борис Бекер, имаше интересна забелешка по она што го виде на Вимблдон, па истакна дека само тројца тенисери во моментов може да се справат со Јаник Синер.
Интересно е што во набројувањето, случајно или намерно, не го спомена Новак Ѓоковиќ, кој водеше толку големи битки со Јаник Синер во текот на 2023 година. Точно, тој не доби ниту еден од претходните пет дуели и се чини дека од сите тенисери, Синер е најмалку „лесен“ за него, поради сличната игра, но ова, сепак, изгледа како негово потценување.
– Најголем противник си е самиот, неговиот одраз во огледалото. Неговата најголема сила е, всушност, менталната сила. Се врати по суспензиите и стигна до финалето во Рим и на Ролан Гарос, а сега победи на Вимблдон. Малкумина би успеале по три месеци суспензија, тој е секогаш многу фокусиран и е уникатен играч. Кој може да го победи Јаник Синер? Карлос Алкараз, ако има добар ден. Исто така, има играчи како Данил Медведев или Тејлор Фриц, кои би можеле да го победат еднаш. Но, кога станува збор за конзистентноста, Синер е непобедлив во моментов –изјави Бекер за Синер.
Иако победи речиси рутински во три сета, Синер признава дека „имал среќа против Новак“ и дека немало да биде така ако не бил повреден Србинот. Од друга страна, Ноле вели дека нема потреба од тоа.
– Ми се извини затоа што се чувствував лошо на натпреварот. Тој навистина нема за што да се извинува. Тој се справи многу добро на натпреварот, а во последната година и пол го игра најдобриот тенис на светот. Ќе има шанса да ја освои својата прва титула на Вимблдон и му посакувам среќа. Тоа ќе биде негово прво финале тука и сигурен сум дека ќе биде добар. По финалето во Париз, сите едвај го чекаат финалето на Вимблдон. Тој и Алакраз се дефинитивно неколку нивоа над сите други во моментов – рече Ноле по елиминацијата од Синер во полуфиналето на турнирот во Лондон.