Српскиот аматерски метеоролог Иван Ристиќ најави нов тропски бран со температури од 35 до 40 степени. Како што наведе во својата временска прогноза објавена на Фејсбук, во втората декада од август повторно ќе се формира линија од топол африкански воздух од Мароко преку Шпанија, Франција и Германија.
„Се надевам дека овој пат главниот дел нема повторно да се упати директно кон нас, во секој случај во втората половина од 15-25 август, во некои денови повторно ќе имаме максимуми помеѓу 35 C и 40 C“, наведе Иван Ристиќ.
Времето во Македонија во следдните денови
Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.
Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во почетокот на следната седмица.