„Само останете дома вечерва и гледајте телевизија, ве молам“, апелира гувернерот на Хаваи до жителите на островот

130

Гувернерот на Хаваи, Џош Грин, на прес-конференција изјави дека нема поголеми последици од цунамито во неговата федерална држава. И покрај ова, тој предупредува дека властите забележале значително повлекување на водата, што е типичен знак за приближување на цунами.

Измерен е бран од 1,82 метри кој се движи кон Хаваи. „Сè уште не сме виделе никаква бранова активност што минува покрај Големиот Остров. Тоа е важно. Додека не видиме што се случува на Големиот Остров, нема да бидеме во позиција да почнеме да кажуваме колку сме безбедни“, рече Грин.

Тој изјави дека сè ќе биде познато за два до три часа. „Само останете дома вечерва и гледајте телевизија, ве молам“, ги повика тој граѓаните, барајќи од нив да се држат подалеку од патиштата.

Доколку се најдат на патиштата, Грин предупреди дека мора да се осигурат дека се на 30 метри надморска височина или три километри од брегот „за секој случај“.

И покрај претежно оптимистичката порака на гувернерот, тој повтори дека повлекувањето на водата на некои места е загрижувачко. „Тоа не се случува без причина. Тоа значи дека има активност во океанот. Стискаме палци да не претрпиме големо цунами.“

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваи (ЕМА) соопшти дека сите комерцијални морски пристаништа се затворени.

ИЗДВОЕНИ