Воспаленото грло може да создаде многу непријатности, но е еден до најчестите симптоми на настинка, сезонски алергии или вирусни инфекции. Понекогаш може да биде предизвикано од сув воздух или гласно пеење на концерт, но еден од начините побрзо да помине е избегнувањето храна која ги влошува симптомите.
Како што истакнува нутриционистката Саманта Питерсон, исхраната може значително да влијае на брзото оздравување и чувството на непријатност.
„Избирајте намирници кои го намалуваат воспалението и избегнувајте ги оние кои можат дополнително да го надразнат чувствителното ткиво на грлото или да поттикнат создавање слуз“, советува Питерсон и наведува список на намирници кои е подобро да ги избегнувате додека трае болката во грлото- со предлози што да јадете наместо нив.
Кисела храна
Кога ве боли грлото, прескокнете ги киселите наминици и напивки како сок од портокал, лимунада, домат или сос од домати.
Крцкава и сува храна
Грицките како переци, крекери и тост можат дополнително да го иритираат веќе чувствителното грло.












