Само една земја може да и наметне на Русија прекин на огнот во Украина, тврди Сикорски

68
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Кина е единствената земја што всушност може да и наметне на Русија прекин на огнот во Украина, изјави во понеделник полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Тој истакна дека неколку пати слушнал од својот кинески колега Ванг Ји дека Кина силно го поддржува прекинот на огнот, но дека тоа не е доволно, објавува Гардијан.

„Ќе треба да видиме притисок врз Русија за да се постигне прекин на огнот и јас лично верувам дека Кина е единствената земја што всушност може да наметне прекин на огнот во оваа војна“, рече Сикорски.

Тој потсети дека во јануари 2022 година, пред почетокот на војната во Украина, дојде до упад на руската армија во Казахстан и оцени дека Пекинг потоа ѝ рекол на Москва да се повлече, во спротивно ќе престанат да тргуваат со нив.

„Мислам дека Русија сега е толку зависна од Кина и тоа е многу моќна алатка што ја има Кина, а прашањето е секако дали ќе ја користат“, рече Сикорски.

ИЗДВОЕНИ