Само 22 ученици се запишале во тетовската гимназија

66

Во гимназијата „7 Март“ во Тетово, во двата уписни рока, се запишале само 22 ученици, додека третиот рок е на 21 август.

Од ова училиште очекуваат да се зголеми бројот на ученици за да се пополнат осумте паралелки, земајќи го предвид фактот дека е намален и бројот на поени од 60 на 50. Во централната гимназија и во медицинското училиште, бројот на ученици е веќе пополнет.

– Врз основа на дозволените поени, кои се намалија од 60 на 50, бројот малку се зголеми. Се надевам дека во августовскиот рок, односно на 21 август, тој број ќе порасне и ќе имаме значителен број ученици, со што нашето училиште ќе може да функционира со планираните паралелки – осум паралелки. Сметам дека минимум треба да имаме по 20 ученици во паралелка и мислам дека тоа е минимален услов и за нас да функционираме како и сите други училишта – изјави Исмаил Влаши, директор на гимназијата „7 Март“.

ИЗДВОЕНИ