„Самитот во Брисел не започна добро“ – инцидент со авионот на Фицо при слетувањето

108
EPA/ALEXANDER NEMENOV/AFP POOL

Авионот што го превезуваше словачкиот премиер Роберт Фицо во Брисел за самитот на Европската унија доживеа инцидент по слетувањето на тамошниот аеродром, поради што не можеше да го продолжи летот.

Авионот припаѓа на Одделот за воздухопловство на словачкото Министерство за внатрешни работи, јавува новинската агенција TASR.

Според Фицо, штетата е предизвикана од ескалатор за качување и слегување на патници, кој го удрил авионот и го оштетил.

– Захтевниот самит во Брисел не започна добро. Ескалатор го скрши нашиот авион на аеродромот, што го направи неспособен за лет и мора да го оставиме тука – рече словачкиот премиер.

И покрај инцидентот, Фицо учествуваше на самитот на лидерите на Европскиот совет и земјите од Западен Балкан во средата навечер. Според најавите, тој треба да присуствува на состанок на неформалната група посветена на индустријата и конкурентноста денес, по што ќе следи самиот самит на Европската унија.

Според TASR, претседателите и премиерите на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за финансиската помош за Украина, прашањата за европската безбедност, процесот на проширување на ЕУ, како и за долгорочниот буџет за периодот од 2028 до 2034 година. На дневен ред ќе бидат и теми поврзани со Блискиот Исток, миграцијата и конкурентноста на европската економија.

Се очекува Роберт Фицо да се врати во Словачка најдоцна до петок.

ИЗДВОЕНИ