
Тенисерот Новак Ѓоковиќ станува еден од сопствениците на познатиот фудбалски клуб Ле Ман, кој моментално се натпреварува во Лига 2.
Новак влегува во овој бизнис заедно со момчето на најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, Јоргос Франгулис, кој е и извршен директор на компанијата „Oakberry“, која влегува во Ле Ман преку бразилскиот инвестициски фонд „OutField“.
Покрај Ѓоковиќ и Франгулис, меѓу познатите имиња кои ќе станат ко-сопственици на Ле Ман се и Фелипе Маса, ветеран во Формула 1, и Кевин Магнусен, поранешен возач на Формула 1, кој ќе има и советничка улога во целиот проект.
Самиот Новак Ѓоковиќ ја потврди веста во објава на својот „Инстаграм“.