вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Салвини најави зголемено воено присуство во Милано по насилните протести: „Од вечерва,...

Салвини најави зголемено воено присуство во Милано по насилните протести: „Од вечерва, ова е закон!“

0
EPA/MATTEO CORNER

Заменик-премиерот на Италија, министер за транспорт и лидер на десничарската партија „Лига“, Матео Салвини, вечерва изјави дека 500 војници ќе бидат распоредени во Милано, по шокантните немири во кои учествуваа млади луѓе, а кои се случија таму за време на викендот.

Тој, исто така, најави одземање на правата поврзани со државјанството за малолетниците кои учествуваат во вакви немири, откако владата во вторникот усвои нова уредба што се однесува на безбедноста и малолетничката деликвенција, пренесува агенцијата АНСА.

„Од вечерва, ова е закон! Повеќе воени лица за операцијата ’Безбедни улици‘ – со 500 војници веќе распоредени во Милано – воведување можност за накнадни апсења врз основа на снимки од камери, како и проширување на овластувањата на вооружените сили и органите за спроведување на законот“, изјави Салвини, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ