
Иако е јасно дека гостувањето во Истанбул не е лесна задача за никого, Англискиот премиерлигаш Ливерпул важеше за фаворит пред стартот на дуелот од Лигата на шампиони, но на крајот не успеа во пресметката против турскиот шампион.
Клучниот момент беше виден во 16-тата минута кога Галатасарај доби пенал, а Виктор Осимен беше сигурен и на тој начин го постави конечниот резултат. езултат на овој натпревар.
Менаџерот на „црвените“, Арне Слот, направи интересен потег оставајќи го Мохамед Салах на клупата, кој доби шанса во второто полувреме, а интересен детаљ се случи кога Египќанецот требаше да влезе на теренот.
Салах беше повикан да се подготви да влезе во игра, а од трибините се слушнаа жестоки свирежи. Во еден момент напаѓачот на Ливерпул дури мораше да ги покрие ушите поради гласните свирежи од домашните навивачи.
Навивачите на Галатасарај се познати по тоа што создаваат неверојатна атмосфера, а Салах по натпреварот призна дека никогаш во својата кариера не го доживеал она што се случи во Истанбул.
„Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера. Беше навистина тешко да се фокусирам на натпреварот. Бучавата од трибините беше оглушувачка и не можевме да се справиме со неа. Честитки до Галатасарај за победата“, изјави Салах.
Репрезентативецот на Египет не е првиот што имал проблем со играњето на стадионот на Галатасарај поради атмосферата, и затоа многумина сметаат дека играњето на гостински терен на овој стадион е едно од најтешките во светскиот фудбал.
Истата ситуација постои и со другите гиганти од Истанбул (Фенербахче и Бешикташ), а има и еден незаборавен детаљ од 2017 година кога на натпреварот Бешикташ-Лајпциг гостинскиот напаѓач Тимо Вернер побарал замена на почетокот од натпреварот бидејќи не можел да се справи со бучавата од трибините.
Ливерпул ќе има шанса да се поправи во Лигата на шампионите по паузата за репрезентативни натпревари, а во третото коло од лигата, англискиот шампион ќе гостува во Франкфурт.
Што се однесува до Галатасарај, тие повторно ќе играат дома против Бодо/Глимт. Тие натпревари се закажани за 22 октомври.