Салах дознал за тајниот план на Ливерпул

450
epa11926813 Mohamed Salah (R) of Liverpool in action against Lewis Hall of Newcastle during the English Premier League match between Liverpool FC and Newcastle United, in Liverpool, Britain, 26 February 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos, 'live' services or NFTs. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

Страстите не стивнуваат кога е во прашање Мохамед Салах и сè што се случува во Ливерпул во врска со овој фудбалер.

За потсетување, Салах ги започна последните три натпревари на Ливерпул на клупата за резервни фудбалери, а влезе во игра само на еден.

Последниот првенствен дуел против Лидс, кој заврши без победник (3:3), иако Ливерпул водеше со 3:1, крилниот напаѓач го проследи од клупата за резервни фудбалери.

По дуелот, Салах реши да проговори и истакна дека неговиот однос со Слото е нарушен и дека смета дека клубот „го фрлил под автобус“.

„Се чувствувам како клубот да ме фрлил под автобус. Така се чувствувам. Мислам дека е многу јасно дека некој сакал да бидам обвинет“, изјави Салах.

Голем број навивачи застанаа на негова страна и очекуваа дека Арне Слот да биде отпуштен, а Египќанецот ќе се врати во почетниот состав.

Сепак, неколку часа подоцна, холандскиот стручњак изјави дека Салах нема да биде во комбинација за дуелот во Лигата на шампиони против калчо гигантот Интер.

Добро информиран извор составен од пет елитни новинари, indykaila News, тврди дека одборот на Ливерпул донел одлука за продажба на Салах во јануари.

„Ливерпул одлучи да го продаде Мо Салах во јануари. Да, добро слушнавте. И покрај тоа што клубот вчера им кажа на новинарите дека Ливерпул сака да го задржи Салах за да ги смири сите“, брифираат новинарите.

Изворите велат дека раководството на клубот ги поништило сите одлуки и рекло дека Салах е поранешен играч. Арне Слот едвај проговорил, спортскиот директор и големите играчи го повлекле чкрапалото.

Челниците на Ливерпул ќе го продадат кога ќе пристигне понуда со прифатлива бројка, а потоа веднаш ќе ја активираат откупната клаузула која постои во договорот на најдобриот фудбалер во дресот на Бурнемаут, Антоан Семењо.

Агентот на Салах го откри тајниот план на Ливерпул да го продаде Мо во Саудиска Арабија зад неговиот грб.

Од друга страна, Салах е отворен за сите опции, вклучувајќи ги Барселона, Реал (М)д и Баерн Минхен, но понудата од Саудиска Арабија би можела да биде најатрактивна.

На Арне Слот му е кажано дека неговата работа е во опасност и дека резултатите мора веднаш да се подобрат.

Доколку Реал (М) го отпушти Чаби Алонсо во наредните недели, Ливерпул веднаш ќе го повика на „Енфилд“, се вели во објавата на indykaila News.

 

ИЗДВОЕНИ