EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Казахстанскиот тенисер Алесандар Бублик го освои турнирот во Хале откако го победи Русинот Данил Медведев во финалето. Тој го победи Русинот првпат во кариерата и ќе биде една од „мините“ на Вимблдон.

Во финалето на турнирот во Хале, казахстанскиот тенисер го победи Медведев со 6:3, 7:6 (7:4). Никогаш досега во својата кариера не успеа да го победи Русинот, имаше скор од 0:6 против него и, конечно, ја регистрираше својата деби-победа. А, во борбата за трофејот, покажа дека е еден од играчите што се во најдобра форма во моментов.

Во полуфиналето го победи Јаник Синер, а одигра и одлични натпревари на Ролан Гарос, каде што стигна до четврт-финалето. Кога, конечно, сфати што направи и дека е тоа голема работа, призна дека сакал да ја заврши кариерата по минатогодишниот Вимблдон, дека бил во лош момент од кариерата, дека сакал да избега од сè. Тренерот го убедил да продолжи да тренира и сега тоа почнало да се исплати.

– Данил, го урнав ова проклетство против тебе, никогаш не освоив ниту сет кога играв против тебе. Сега, конечно, успеав. Ти си голем шампион и ти посакувам многу успех. Фактот што те победив е привилегија за мене. Секогаш работеше со твојот тим, освојуваше грен-слем титули. Ти посакувам многу успех и уште многу грен-слем титули – рече Бублик, кому Борис Бекер му го врачи трофејот.

По тоа, Медведев застана пред новинарите и даде изјава во свој стил. Веднаш почна да се шегува.

– Саша, ви честитам тебе и на твојот тим. Се надевам дека на Вимблдон ќе бидеш во делот од ждрепката со Карлос Алкараз или со Јаник Синнер – рече Медведев, а потоа двајцата направија шоу и се испрскаа еден со друг со шампањ.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ