недела, февруари 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Сајкоски: За разлика од минатото, денес Јовановски и институциите во Кичево покажаа...

Сајкоски: За разлика од минатото, денес Јовановски и институциите во Кичево покажаа одговорност на терен

22

Поради долгогодишната неработа од страна на претходното раководство Кичево денес се соочи со катастрофални поплави, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

Во продолжение неговата објава:

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните.

За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, Д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја.

Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевчани постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.

Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза.

ИЗДВОЕНИ