САД запленија уште еден танкер на Карибите/ВИДЕО

91

САД запленија уште еден танкер за нафта во Карипското Море, објави денес Јужната команда на САД.

Според соопштението, американските сили, во координација со Министерството за внатрешна безбедност, отпловиле од носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ и се качиле на танкерот „Олина“ во Карипското Море без инциденти.

Според податоците од сервисот, „Marine traffic“, танкерот „Олина“ пловел во близина на Венецуела под знамето на Источен Тимор. Американските власти објавија видео од рацијата.

Новoто запленување следи по акциите против танкерите поврзани со Венецуела
Запленувањето доаѓа откако САД запленија два танкери поврзани со Венецуела оваа недела, вклучувајќи брод што пловел под руско знаме во Атлантскиот Океан и уште еден танкер во Карипското Море.

Белата куќа претходно изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не е подготвен да се откаже од запленување на санкционирани танкери, и покрај предупредувањата дека ваквите акции би можеле дополнително да ги зголемат тензиите со Русија и Кина.

„Тој ќе води политики што се во најдобар интерес на Соединетите Американски Држави“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, во средата. „Тоа значи спроведување ембарго против сите бродови на ‘флотата во сенка’ што нелегално транспортираат нафта“.

ИЗДВОЕНИ