„Како што веројатно знаете, штотуку запленивме танкер покрај брегот на Венецуела, голем… всушност најголемиот што некогаш е запленет… ќе го видите подоцна и ќе разговараме за тоа подоцна со некои други луѓе“, изјави Доналд Трамп за новинарите за време на настан во Белата куќа во среда попладне, објави „Би-би-си“.
Тој рече дека танкерот бил запленет од „многу добра причина“.
Новинската агенција „Ројтерс“ цитираше тројца анонимни американски претставници кои изјавија дека танкерот за нафта бил запленет покрај брегот на Венецуела во операција предводена од крајбрежната стража на САД.
Американскиот претседател не даде дополнителни детали за тоа зошто бил запленет бродот или каде бил упатен.












