За време на специјалната операција за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, елитните американски единици користеле непознато високотехнолошко оружје кое предизвикало тешки физички последици кај венецуелските војници, вклучувајќи крварење, дезориентација и целосна неспособност за отпор, објавија американските медиуми.
Сведоштвото за настаните го објави на социјалната мрежа X портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, повикувајќи се на изјавата на еден од членовите на Венецуелската гарда кој го преживеал нападот.
„Во еден момент, тие лансираа нешто што не можам да го опишам. Беше како исклучително моќен звучен бран. Се чувствував како главата да ми експлодира одвнатре“, рече гардистот, нагласувајќи дека ефектот бил моментален и парализирачки.
Според него, последиците биле масивни и тешки. „Сите имавме крварење од носот. Некои повраќаа крв. Паднавме на земја и не можевме да се помрднеме. После тоа звучно оружје – или што и да беше – не можевме ниту да станеме“, рекол очевидецот.
Тој, исто така, посочи на она што го нарече колосална технолошка супериорност на напаѓачите, тврдејќи дека само дваесет американски специјалци, спуштени од хеликоптери, успеале да неутрализираат стотици бранители без ниту еден свој губиток.
„Имаше стотици од нас, но немавме никаква шанса. Пукаа со таква прецизност и брзина, како секој војник да испука 300 куршуми во минута. Не можевме да се справиме со таква технологија“, заклучи стражарот.












