САД воведуваат санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и неговото семејство

26
Фото:википедија

Министерството за финансии на САД денес воведе санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро, ​​неговата сопруга и син, како и министерот за внатрешни работи на земјата Армандо Бенедети, пренесе Танјуг“.

Како што објави „Блумберг“, американската администрација тврди дека Петро има врски со трговија со дрога.

Трамп го нарече колумбискиот претседател „нелегален нарко-бос“, обвинувајќи го дека дозволил трговијата со дрога да цвета за време на неговата администрација и се закани дека ќе воведе санкции врз колумбискиот извоз.

Одлуката следува по одлуката на Трамп во септември да ја отстрани Колумбија од листата на партнери во борбата против дрогата, ставајќи го долгогодишниот сојузник на САД во иста категорија со Венецуела, Боливија, Авганистан и Мјанмар, објави „Блумберг“.

ИЗДВОЕНИ