САД воведоа санкции врз 10 лица и компании од Иран и Венецуела за наводно придонесување кон иранската програма за трговија со беспилотни летала и балистичка технологија, за која администрацијата на Трамп вели дека ги загрозува САД и нивните сојузници на Блискиот Исток, пренесе „Бета“.
Министерството за финансии на САД соопшти дека мерките имале за цел да ги поддржат повторно воведените санкции на Обединетите нации врз Иран поради неговата нуклеарна програма, со што дополнително се врши притисок врз Техеран.
Иран долго време инсистира дека неговата нуклеарна програма е мирнодопска.
Санкциите вклучуваат една венецуелска компанија и нејзиниот претседател, кои се обвинети за купување ирански дронови, тројца Иранци поврзани со купување хемикалии што се користат за производство на балистички ракети и група луѓе и компании поврзани со Рајан Фан, компанија која веќе е под санкции од САД.
Во февруари, американскиот претседател Доналд Трамп ја обнови својата кампања за „максимален притисок“ врз Иран за да го спречи Техеран да развива нуклеарно оружје.
Трамп претходно оваа недела изјави дека САД би можеле да ги таргетираат иранските објекти ако Иран продолжи со својата нуклеарна програма.


![[Интервју] Тамара Котевска: Приказните за Македонија допрва ќе се раскажуваат!](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/12/nas-1-450x300.jpg)









