Администрацијата на Соединетите Американски Држави го предупреди Меѓународниот кривичен суд (МКС) дека би можел да му воведе нови санкции доколку не го измени својот основачки документ за да се осигури дека нема да го истражува претседателот Доналд Трамп или неговите високи функционери, како и израелските лидери и американските војници, изјави функционер на администрацијата.
Функционерот рече дека Вашингтон е загрижен дека МКС, чиј мандат му дозволува да ги гони актуелните шефови на држави за наводни воени злосторства, би можел да започне истрага против Трамп и неговите соработници по завршувањето на неговиот мандат во 2029 година, објави Ројтерс.
Соединетите Американски Држави, кои не се потписник на Римскиот статут, претходно воведоа санкции врз поединечни функционери на судот.












