САД се обидуваат да инсталираат марионетски режим, тие ја сакаат нашата нафта, тврди Мадуро

23
EPA/YURI KOCHETKOV

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини САД дека се обидуваат да инсталираат марионетски режим во земјата со цел да ги преземат нејзините природни ресурси.

„Развиен е империјален план за промена на режимот во Венецуела со цел да се инсталира марионетска влада на САД и да се украдат нашите најголеми резерви на нафта во светот, четвртите најголеми резерви на гас во светот и првите резерви на злато“, рече Мадуро на телевизискиот канал Венезолана де Телевизи.

Тој додаде дека САД концентрирале воени бродови и нуклеарна подморница во Карибите за овие цели и упатуваат лажни обвинувања против Венецуела, пренесува ТАСС.

Тој нагласи дека „Обединетите нации, Европската унија, Светската царинска организација и Агенцијата за борба против дрога на САД (ДЕА) веќе ги отфрлија обвинувањата на Венецуела (за трговија со дрога)“, пренесува Танјуг.

Мадуро рече дека „никој не верува во лагите што се изнесуваат за мене и Венецуела“.

Тој исто така рече дека Вашингтон нема да ја постигне својата цел и дека Венецуела ќе остане „независна, слободна и мирна земја“.

Според него, Националните боливарски вооружени сили спроведуваат тридневни маневри „Карипски суверенитет 200“ во венецуелските територијални води.

„Народите на Карибите и Јужна Америка имаат право на мир и ништо не смее да го наруши нивниот суверенитет“, нагласи Мадуро.

Венецуелскиот претседател постојано повторува дека земјата се соочува со најсериозната закана од инвазија од страна на САД во последните 100 години, според ТАСС.

Како што претходно објавија медиумите, на 19 август, три разорувачи на американската морнарица беа испратени во јужниот дел на Карибите, покрај брегот на Венецуела „за да спроведат операции против нарко-картелите“.

САД, исто така, распоредија нуклеарна подморница, ракетен крстосувач, амфибиски бродови и 4.500 војници во регионот.

На 15 септември, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека тројца членови на нарко-картел, наводно од Венецуела, се убиени во меѓународни води.

ИЗДВОЕНИ