Националната кошаркарска асоцијација (НБА) и Националната асоцијација на кошаркари (НБПА) објавија нов формат „САД против светот“ за НБА ол-стар натпреварот во 2026 година. Натпреварот ќе се игра во 23:00 часот во недела, на 15 февруари 2026 година, во арената на Лос Анџелес клиперс.
На НБА ол-стар натпреварот во 2026 година ќе учествуваат два тима составени од играчи од САД и еден тим од меѓународни играчи, познат како Тим на светот.
Се очекува Тимот на светот да го предводат Никола Јокиќ, Јанис Адетокумбо, Лука Дончиќ, Виктор Вембањама, Алперен Шенгун и Шеј Гилџус-Александер.
Тимовите ќе се состојат од минимум осум играчи, а ќе се играат четири натпревари од по 12 минути. во формат на кружен систем: тимот А игра против тимот Б на првиот натпревар, победникот од тој натпревар ќе игра против тимот Ц на вториот натпревар, поразениот од првиот натпревар потоа ќе игра против тимот Ц на третиот натпревар. По третиот натпревар, двата најдобри тима во однос на перформансите ќе се пласираат на финалниот натпревар.
Доколку сите три тима се изедначени 1:1 по третиот натпревар, финалистот ќе биде решен според кош-разликата на првите два натпревара на секој тим.











