Нацрт-повелбата на американската администрација за „Одборот за мир“, задолжен за спроведување на мирот и обнова на Газа, е испратена до околу 60 земји, а доколку тие земји сакаат нивното членство да трае подолго од три години, треба да придонесат со 1 милијарда долари во готово, објави денес „Ројтерс“, повикувајќи се на документ што го виделе.

Секоја земја-членка ќе има тригодишен мандат од датумот на стапување во сила на Повелбата, се наведува во документот.

  • Тригодишното членство нема да важи за оние земји-членки кои придонесуваат со 1 милијарда долари во готово во фондот на Одборот за мир во првата година од стапувањето во сила на Повелбата, се додава во текстот.

Белата куќа објави формирање на два нови комитета за надгледување на администрацијата во Газа за време на преодниот период, а со „Одборот за мир“ претседава американскиот претседател Доналд Трамп.

Меѓу членовите се американскиот државен секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф, поранешниот британски премиер Тони Блер и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

ИЗДВОЕНИ