САД му ја продолжија лиценцата на „Лукоил“ до 17 јануари

20

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ѝ ја продолжи лиценцата на компанијата „Лукоил“ до 17 јануари, што ѝ овозможува да извршува трансакции поврзани со преговорите и со склучувањето условни договори за продажба на нејзиниот имот на во странство.

Дозволата, како што е наведено во објавата на веб-страницата на Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAK), исто така овозможува трансакции потребни за одржување на бизнисот со одобрение на OFAK.

Според лиценцата, потребно е заинтересираните страни да купат 50 плус 1 процент или повеќе од средствата на „Лукоил“ до 17 јануари 2026 година, со услов договорот да биде одобрен од OFAK.

ОФАК наведува дека за одобрување на лиценцата на „Лукоил“, терминот „условни договори“ значи извршни договори, извршни проформа фактури, принципиелни договори, извршни понуди што може да се прифатат, како што се понуди или предлози како одговор на јавни тендери, обврзувачки меморандуми за разбирање или кој било друг сличен договор.

Се наведува дека не е дозволен трансфер на пари на физичко или на правно лице во Русија.

ИЗДВОЕНИ