САД и Украина го потпишаа договорот за минерали, соопшти американското Министерство за финансии, пренесува Sky News.
Министерството наведува дека со договорот се воспоставува американско-украински инвестициски фонд за реконструкција.
Според соопштението, „потпишувањето на договорот испраќа порака дека администрацијата на Доналд Трамп е посветена на мировен процес заснован на слободна, суверена и просперитетна Украина“.
Украина, пак, се надева дека овој договор значи и продолжување на американската воена помош за Киев.
Станува збор за долгоочекуваниот договор што Володимир Зеленски се очекуваше да го потпише за време на неговата посета на Белата куќа во февруари. Наместо тоа, дојде до кавга во Овалната соба меѓу украинскиот претседател, Трамп и потпретседателот на САД, Џеј Д. Венс.