САД и Русија истовремено ја обвинија Европа

105
epa12303634 US President Donald Trump (R) and Russian President Vladimir Putin pose on the podium on the tarmac after they arrived to attend a meeting at Joint Base Elmendorf-Richardson in Anchorage, Alaska, USA, 15 August 2025. EPA/GAVRIIL GRIGOROV/SPUTNIK/KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Само еден ден ги дели двете пораки што доаѓаат од Вашингтон и Москва – и двете речиси идентични: Европа е виновна за продолжувањето на војната во Украина.

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека во Белата куќа расте фрустрацијата кон европските сојузници. Според порталот, високи американски претставници веруваат дека европските лидери јавно ги поддржуваат мировните напори на претседателот Доналд Трамп, но зад сцената ги поткопуваат.

Американските претставници тврдат дека токму Европа ја охрабрува Украина да „издржи и да чека подобар договор“, што, велат тие, ја продолжува војната. „Европејците не можат да ја продолжат оваа војна и тајно да туркаат нереални очекувања додека очекуваат Америка да ја плати цената“, изјавил за „Аксиос“ висок функционер на Белата куќа.

„Ако Европа сака да ја ескалира оваа војна, тоа ќе биде нивна одлука. Но, тогаш тие беспомошно ќе го грабнат поразот од вилиците на победата“, рекол истиот функционер, додавајќи: „Договорот се постигнува преку уметноста на можното. Но, некои Европејци продолжуваат да живеат во земјата на бајките, игнорирајќи го фактот дека за танго се потребни двајца“.

„Аксиос“, исто така, објави дека Белата куќа бара од Европејците да воведат нови санкции врз Русија, вклучително и целосно прекинување на руските купувања на нафта и гас и секундарни тарифи врз Индија и Кина.

Трамп, по средбите со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, инсистираше дека следниот чекор е директна средба меѓу Путин и Зеленски. Москва досега одбива, додека Киев изјави дека не сака да разговара за територијални отстапки без согласност на Русија за преговори. „Сите глумат. Сето тоа се глупости“, рече фрустрираниот Трамп на состанокот на кабинетот во вторникот.

Белата куќа, затоа, јасно става до знаење дека вината за недостатокот на мировен процес не ја гледа во Русија – земјата што започна тотална инвазија и продолжува да ја напаѓа Украина секојдневно – туку во нејзините европски сојузници.

Сепак, вчера изјавата што ја даде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додека Владимир Путин беше во посета на Кин звучи речиси идентично со пораката од Вашингтон.

„Европската „воена партија“ не се откажува од својата главна порака. Тие не се смируваат. Ова е во остра спротивност, на пример, со пристапот на нашиот претседател Путин, но и на американскиот претседател Трамп, чии напори да го насочи процесот во мирна насока тешко се преценуваат – ние сме благодарни за овие напори“, рече Песков.

„Сепак, Европејците го попречуваат ова. Европејците го саботираат процесот и на секој начин го помагаат, а веројатно и го охрабруваат режимот во Киев во неговата целосно апсурдна упорност и непопустливост. Ова е голема грешка, многу голема грешка“, рече Песков.

Тој додаде дека Русија е „подготвена да го реши проблемот преку политички и дипломатски средства, но бидејќи не гледаме реципроцитет од Киев, ја продолжуваме специјалната воена операција“.

На прашањето дали верува дека Европејците намерно се обидуваат да го нарушат руско-американскиот дијалог, Песков одговори: „Не, не намерно. Тие долго време – историски – си поставија цел да ја ограничат Руската Федерација на секој можен начин. Ова е долгогодишен тренд. И ние знаеме како да му се спротивставиме“.

Значајно е како обвинувањата на Белата куќа и Кремљ се совпаѓаат, разликата меѓу нив е само еден ден. Во обете верзии, Европа е таа што ја продолжува војната, а и Вашингтон и Москва тврдат дека нивните лидери – Трамп и Путин – искрено се залагаат за мир.

Овие изјави доаѓаат откако Трамп го угости Путин во Алјаска на состанок што тој го нарече „историски“, но од кој не произлезе конкретен договор. Во меѓувреме, војната продолжува, Русија продолжува да врши секојдневни воздушни напади врз украинските градови, а Киев возвраќа со напади врз руските рафинерии.

Сепак, Белата куќа сега јавно не ја обвинува Русија, туку европските сојузници, додека Москва тврди дека тие го саботираат мировниот процес, кој во реалноста – не постои.

 

 

ИЗДВОЕНИ