САД и Кина се согласија да ги намалат меѓусебните царини за увезени производи за 115 проценти во рок од 90 дена, изјави денес во Женева американскиот министер за финансии Скот Бесант.
Бесент им рече на новинарите дека „двете страни покажале големо почитување“ за време на преговорите.
„Двете страни имаат интерес за избалансирана трговија“, истакна тој, пренесе „Гардијан“.
На почетокот на април, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави зголемување на царините за голем број земји, а најмногу погодена е Кина.
Потоа Трамп го одложи спроведувањето на новите царини за 90 дена за сите, освен за Кина.
Ова е значајна деескалација на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија царините за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 20% наметнати за ограничување на увозот на фентанил во САД), додека Пекинг возврати со царини од 125% за американскиот увоз.
Денешното соопштение значи дека царините треба да се намалат на 30 и 10 проценти, но ова сè уште не е официјално потврдено.