Израел утрово започна со она што го нарече „превентивен напад“ врз Иран, изјави министерот за одбрана Израел Кац, додека вонредна состојба е прогласена низ целиот Израел.

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.

Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.

Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.

Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

Владата во Тел Авив прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.


Според иранските медиуми, три експлозии се слушнаа во центарот на Техеран откако Израел објави дека започнал „превентивен напад“ врз Иран. Тие исто така известуваат дека се гледаат два облака црн чад.

Новинската агенција Фарс вели дека добила извештаи дека неколку ракети го погодиле подрачјето Република во иранскиот главен град.

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од Техеран на кои се гледа густ чад.

ИЗДВОЕНИ