Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денес во Белата куќа потпишал договор за ретки минерали со австралискиот премиер Ентони Албанезе.
Трамп на прес-конференција изјави дека договорот бил преговаран четири до пет месеци, објави Ројтерс.
Тој рече дека ќе разговара и за трговијата, подморниците и воената опрема со Албанезе.