вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ САД го прекинаа издавањето студентски визи

САД го прекинаа издавањето студентски визи

101

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска објави прекин на постапката за издавање на студентски визи, објавија американските медиуми.

Документот до кој дојдоа американските медиуми, им наложува на амбасадите и конзулатите да не овозможуваат „дополнителен капацитет за закажување на студентски или визи за размена на студенти… додека не се издадат дополнителни упатства“.

Оваа мерка доаѓа во момент кога администрацијата на Трамп настојува да ги интензивира депортациите и да ги укине студентските визи како дел од своите обемни напори за реализација на својата строга имиграциска политика.

ИЗДВОЕНИ