
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги придупреди американските туристи кои патуваат во Италија да бидат претпазливи поради постоење ризик од терористички напад.
Ова предупредување е објавено на 23 мај, а некои американски медиуми го повторија денеска, пренесе италијансктата агенција Анса.
Со ова предупредување, нивото на ризик е подигнато од прв на втор степен.
За повеќето членки на ЕУ важи првиот степен од вкупно четири, додека за Шпанија, Германија и Франција на сила е второто ниво, наведува „Анса“.
Во предупредувањето кое го објави администрацијата на Трамп се наведува дека терористи би можеле да изведат напад без предупредување, и повикува на предострожност на места кои претставуваат туристички атракции.