вторник, февруари 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА САД драстично ги намалуваат летовите

САД драстично ги намалуваат летовите

35

Американските федерални претставници изјавија дека САД ќе го намалат воздушниот сообраќај за 10 отсто на 40 главни аеродроми почнувајќи од утре наутро поради недостиг на персонал предизвикан од тековното затворање на владата.

Намалувањата ќе се воведуваат постепено почнувајќи од утре, според извори запознаени со планот, а погодените аеродроми ќе бидат објавени денеска, изјавија претставници, објави Си-би-ес.

Домашните летови ќе бидат намалени за четири отсто утре, при што намалувањата ќе се зголемат на пет проценти в сабота и шест посто в недела, пред да достигнат 10 проценти следната недела, објавија четири неименувани извори откако беше објавена новата мерка.

Откажувањата би можеле да влијаат на помеѓу 3.500 и 4.000 летови дневно, според Би-би-си.

ИЗДВОЕНИ