вторник, февруари 3, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Сабаленка во Њујорк го доби најголемиот чек во историјата на тенисот

Сабаленка во Њујорк го доби најголемиот чек во историјата на тенисот

4000
EPA/JOHN G. MABANGLO

Арина Сабаленка е новата-стара кралица на Њујорк. Белорусинката ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД синоќа откако ја победи Американката Аманда Анисимова со 6:3, 7:6. Тaa сега има четири освоени Гренд слем титули во кариерата (по две на Отвореното првенство на САД и на Отвореното првенство на Австралија).

Сабаленка стана првата тенисерка по Серена Вилијамс во 2014 година што ја одбрани титулата на Флашинг Медоус. Таа ја освои својата 21-ва титула во кариерата, нејзина четврта оваа година (Бризбејн, Мајами и Мадрид). Таа исто така го доби најголемиот шампионски чек во историјата – на 5.000.000 долари.

Овогодинешното издание на турнирот има најголем награден фонд во историјата на професионалниот тенис. Победниците во машка и женска конкуренција поединечно ќе заработат по 5 милиони долари. Вкупниот награден фонд е дури 90 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ