Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз на шега се закани дека ќе ја напушти емисијата затоа што Арина Сабаленка го нарече „Јаник“.

Двајцата, како нови шампиони на Отвореното првенство на САД, беа гости во „The Today Show“.

Зборувајќи за својата љубов кон креирањето содржини и TikTok, Белорусинката рече:

„Патем, правев TikTok видео со Јан…“, Сабаленка направи лапсус.
Арина речиси го нарече Алкараз по името на неговиот најголем ривал, кого го победи во финалето, така што сите во студиото почнаа да се смеат.

Алкараз се преправаше дека го напушта студиото, додека Арина ја стави раката на неговото рамо и се извини:

„Карлос, човече, многу ми е жал“, рече Сабаленка, на што Алкараз продолжи со: „Девет часот е наутро, не е важно“.

Сабаленка драматично продолжи и додаде: „Ова е најголемиот срам во мојот живот“.

ИЗДВОЕНИ